Достапни линкови

Медиумите јавуваат за нови насилства за време на протестите во Каиро. Илјадници исламистички подржувачи се собраа на протести во центарот на главниот град на Египет по повикот на Муслиманското братство за организирање на таканаречен „Гневен петок“. Полицијата употребува солзавец а се слушаат и истрели од огнено оружје. Повикот на братството следи по насилствата во средата кога загинаа повеќе од 620 лица. Претходно, Советот за бедбедност при Обединетите нации повика на воздржаност и национално помирување.
XS
SM
MD
LG