Достапни линкови

Путин и Јанукович разговараат за проблематичниот увоз


Рускиот претседартел Владимир Путин и неговиот украински колега Виктор Јанукович разговараат за проблемите во врска со увозот на украински прехрамбени производи во Русија. Прес сервисот на Кремљ соопшти дека станува збор за телефонски разговори, но за сега нема дополнителни детали. Претходно, Украина го забрани увозот на пченица од Русија откако руските царински служби ги заостри регулативите за увоз на украински прехрамбени производи. Претставници на украинските санитарни и ветеринарни служби соопштија дека забраната на увозот на пченица од Сибир и Северен кавказ е донесена поради откриени случаи на шап и лигавка.
XS
SM
MD
LG