Достапни линкови

Без пари Армијата на Македонија ќе назадува


Буџетот на Министерството за одбрана е се помал и помал. Според познавачите, со тоа функционирањето на Армијата нема да биде доведено во прашање, но Армијата ќе назадува наместо да напредува.

АРМ треба да напредува да биде партнер во рамки на современите борбени системи и затоа треба да се посвети поголемо внимaние на опремувањето и модернизирањето, реагираат експертите по забелешките на дел од пензионираните генерали изнесени деновиве дека ситуацијата во АРМ не е многу розова.
Ќе се прават прераспределби на тие средства толку колку што ги има, но во секој случај Армијата ќе назадува, наместо да напредува и во опремувањето и во одржувањето на опремата, но и во осовременувањето на својата опрема и вооружувањето. Значи задачите и понатаму ќе се извршуваат, меѓутоа со помал обем, со помали средства и секако со помали резултати.
Благоја Марковски, Балкански Форум за безбедност.

Благоја Марковски од Балканскиот Форум за безбедност, вели дека последните години буџетот на министерството за одбрана е се помал и помал. Според него со тоа функционирањето нема да биде доведено во прашање, но Армијата ќе назадува наместо да напредува.

„Ќе се прават прераспределби на тие средства толку колку што ги има, но во секој случај Армијата ќе назадува, наместо да напредува и во опремувањето и во одржувањето на опремата, но и во осовременувањето на својата опрема и вооружувањето. Значи задачите и понатаму ќе се извршуваат, меѓутоа со помал обем, со помали средства и секако со помали резултати.

Дел од пензионираните началници и генерали деновиве реагираа дека Армијата се повеќе се соочува со финансиски проблеми. Некои од нив изјавија дека последниве години армијата е се послабо опремена во споредба со 1994 и 1995- та година. Професор Марина Митревска од Институтот за Одбрана при Филозофскиот факултет изјави дека
Знаеме дека современото оружје и современиот тек на војување бара и обновување на оружјето и да се купи современо и да се обнови тоа што го имаме, да се одржува.
Марина Митревска, универзитетски професор.
смета оти во иднина треба да се внимава повеќе колкав ќе биде делот од буџетот што се издвојува за одбраната.

„Знаеме дека современото оружје и современиот тек на војување бара и обновување на оружјето и да се купи современо и да се обнови тоа што го имаме, да се одржува.“

Парите се одвојуваат за плати, а многу помалку за обука и опремување додава Марковски.

„Современите одбрамбени системи одвојуваат од буџетот некаде од 2,2 до 2,5 до националниот приход, кај нас од 2006 година наваму стигнавме сега да имаме некаде околу 1,3 или 1,4 од БДП што е многу незадоволително и во тој контекст ние наместо да напредуваме, назадуваме, наспроти она што нашите припадници во мировните мисии надвор од земјата покажуваат исклучителни резултати, но пред се на нивната подготвеност и на нивната решителност да ја претстават република Македонија во најдобро светло.“

Според Марковски, АРМ мора дури да има многу поголем буџет и од она што во просек НАТО земјите го издвојуваат за своите одбранбени системи бидејќи нашата Армија почна да се развива од почеток.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG