Достапни линкови

logo-print

Опозицијата бара заеднички став за националниот интерес


Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев.

Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев.

Новиот лидер на СДСМ најавува зголемена активност и апелира за градење заеднички ставови од национален интерес со власта.

Нарушениот политички дијалог во државата, отсуството на опозицијата од Собранието и прилично непомирливите разлики меѓу власта и опозицијата на какви што сме навикнале, ќе бидат ставени на повторен тест есенва. Промените во опозицијата новиот лидер ги најавува и како зголемена активност и како апели за градење заеднички ставови од национален интерес со власта, но како променета реторика од гол критицизам кон конструктивни предлози и алтернативни решенија.
Ние се враќаме со полн капацитет на работа во Собранието, што значи тоа, се враќаме со дебатите и дискусиите за секој предлог законско решение на власта, ќе предлагаме сопствени закони, сопствени информации и активности кои беа прилично слични до пред 24 декември.

„Ние се враќаме со полн капацитет на работа во Собранието, што значи тоа, се враќаме со дебатите и дискусиите за секој предлог законско решение на власта, ќе предлагаме сопствени закони, сопствени информации и активности кои беа прилично слични до пред 24 декември.“
Комисијата за 24 декември, пред претседателот Борче Давитковски да си даде оставка.

Комисијата за 24 декември, пред претседателот Борче Давитковски да си даде оставка.


Новиот лидерот на СДСМ, Зоран Заев за есенва најавува и претставување на новата политичка платформа пред граѓаните во која би биле содржани решенија за најважните прашања, неколку проекти,отворање медиумски простор за претставување на своите ставови. но и заложување да се формираат заеднички ставови околу прашањата од национално значење.
Целата работа на опозицијата и односот на владејачкото мнозинство кон неа ќе зависи од тоа што беше најголемиот политички договор оваа година, а тоа е враќањето во Парламентот и работата на Комисијата, околу тоа прашање и околу тој однос ќе зависи понатамошната работа.

„Во моментов е отворен јавен апел, повик од страна на СДСМ до владејачките партии за прашањето за името, да седнеме и заедно да отвориме политичка дебата. Зошто заедно не би ги зацврстиле македонските позиции, нашите државни позиции по вакви прашања.“

Заев смета дека национален консензус е наопходен и околу економските прашања поради тежината на кризата која сега ги засега сите граѓани. Во контекст на размислувањата за идните настапи смета дека е важно и најавува промена на настапот.

„Се трудиме оти сме убедени дека граѓаните го менуваат телевизискиот канал, ја свртуваат страницата од весникот или не читаат на интернет страната нешто што е гола критика. Готово. Ние сме свесни дека тоа не ни поминува повеќе, луѓето бараат аргументација за се.“

Аналитичарот Рамадан Рамадани не гледа некоја суштинска разлика во ставовите меѓу власта и опозицијата околу најважните прашања. Затоа за него е суштинско враќањето на опозицијата во парламентот и отпочнувањето со работата на Комисијата за 24 декември.

„Целата работа на опозицијата и односот на владејачкото мнозинство кон неа ќе зависи од тоа што беше најголемиот политички договор оваа година, а тоа е враќањето во Парламентот и работата на Комисијата, околу тоа прашање и околу тој однос ќе зависи понатамошната работа.“

Исходот од досегашниот договор околу комисијата не успеа да испрати охрабрувачка порака.
XS
SM
MD
LG