Достапни линкови

Самит на туркофонски земји во Азербејџан


Претседателите на Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Турција, на самитот во азербејџанскиот град Кабала, разговараа за формирање меѓусебна слободна трговска зона. Претседателот на Казахстан се заложи и за заедничко дејствување во областа на туризмот и комуникациите, а претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев предложи изградба на железница меѓу Турција и Кина, преку централна Азија. 4-те земји, во кои се зборува на турски јазик, ја формираа организацијата во 2009-та година.
XS
SM
MD
LG