Достапни линкови

logo-print

Египет: петок на гнев и страхување


Egypt – country in turmoil, Giza, 15Aug2013

Egypt – country in turmoil, Giza, 15Aug2013

Властите ги отфрлија меѓународните критики за акцијата за разбивање на протестите во поддршка на претседателот Морси.

Муслиманското братство чии протестни кампови во Каиро во средата беа насилно растурени од египетските безбедносни сили денешниот ден го нарекоа „Петок на гневот“.

Најмалку 24 лица загинале на протестите на илјадници подржувачи на отстранетиот претседател Мухамед Морси во Каиро и други градови. Медиумите јавуваат дека 11 лица загинале на централниот плоштад во Каиро, што е епциентарот на демонстрациите. Муслиманскот братство соопшти дека 25 лица загинале во главнито град на Египет. Се јавува за дополнителни судири меѓу безбедносните сили и демонстранти и во други населени места, вклучително и во Александрија, вториот по големина град во земјата.

Претходно, Советот за безбедност на Обединетите нации побара од Eгипќаните да покажат максимална воздржаност и да направат напори за национално помирување по насилствата во земјата во кои загинаа неколку стотици луѓе, главно цивили.
Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на ОН


„Членките на Советот за безбедност, најнапред го изразија нивното сочувство до жртвите и нивната жал поради губењето животи. Членките на Советот сметаат дека е важно да се спречи натамошно насилство во Египет и оти страните треба да покажат максимална воздржаност“, изјави Марија Кристина Персевал, амбасадорка на Аргентина, актуелен претседавач на Советот за безбедност.

Таа нагласи дека оваа изјава не е официјално соопштение на Советот, туку коментар по состанокот што беше одржан зад затворена врата.

Иако ние не веруваме дека силата е начин за решавање на политичките разлики, по интервенцијата на војската пред неколку недели остана шанса за помирување, како и можност да се продолжи по демократски пат. Но, наместо тоа видовме поопасни чекори против приврзаниците на Морси и трагични насилства во кои загинаа стотици луѓе, а илјадници беа ранети.

Пред седницата, дипломатски извори во Њујорк изјавија дека Советот нема да усвои никаква резолуција.

Во меѓувреме, египетското привремено претседателство ги отфрли меѓународните критики, вклучувајќи ја и онаа на американскиот претседател Барак Обама за насилното справување со протестите во Каиро.

„Иако ние не веруваме дека силата е начин за решавање на политичките разлики, по интервенцијата на војската пред неколку недели остана шанса за помирување, како и можност да се продолжи по демократски пат. Но, наместо тоа видовме поопасни чекори против приврзаниците на Морси и трагични насилства во кои Барак Обама, претседател на САД.

Барак Обама, претседател на САД.

загинаа стотици луѓе, а илјадници беа ранети“, изјави Обама, соопштувајќи дека Вашингтон, кој годишно за египетската војска дава околу милијарда ипол долари, ја откажува заедничкита воена вежба со Египет.

Во соопштението на египетското претседателство пак, се оценува дека критиките не биле базирани врз факти и оти можат да ги охрабрат активностите на насилните вооружени групи.

Кабинетот на привремениот претседател Адли Мансур соопшти дека земјата се соочува со терористички акти чија цел биле владини згради и витални инсталации.

Според извештаите, имало напади врз безбедносните сили и палење на владини канцеларии во Гиза и на христијански цркви во земјата. Тоа веднаш беше осудено од Стејт департментот.

Муслиманското братство најави дека ќе ја продолжи кампањата за враќање на демократски избраниот претседател Мохамад Морси и покрај едномосечната вонредна состојба во целата земја и полицискиот час во 13 провинции.

Морси беше симнат од власт и притворен на 3 јули откако милиони Египќани демонстрираа против неговите врски со исламистите и поради неупехот на неговата влада да ја заживее економијата по народното востание пред две години со кое беше соборен поранешниот претседател Хосни Мубарак.

Шефовите на дипломатиите на Европската унија најавија дека ќе разговараат за ситуацијата во Египет во идната недела.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG