Достапни линкови

Министерот за одбрана Талат Џафери се сретна со рускиот амбасадор


Пријателските односи помеѓу Македонија и Руската Федерација и начините за унапредување на соработката биле теми на вчерашната средба на министерот за одбрана Талат Џафери и рускиот амбасадор во земјава Олег Николаевич Шчербак во Министерството за одбрана, на која присуствувал и рускиот воен аташе, капетан Евгениј Шитов.

„Министерот Џафери посочи повеќе области од одбраната и безбедноста во кои постои простор за поблиска соработка, како обуката во доменот на одржувањето воена опрема од руско производство, воената едукација, учеството на заеднички воени вежби, користењето на тренинг-центарот „Криволак“ и на регионалниот центар за односи со јавноста. Амбасадорот Шчербак, пак, се заблагодари за средбата и за можноста да се разменат мислења и идеи за соработка во одбраната и безбедноста“, информира Министерството за одбрана.

Република Македонија и Руската Федерација од 1997 година имаат Спогодба за соработка во воената област.
XS
SM
MD
LG