Достапни линкови

logo-print

Опасност од прелевање на сирискиот конфликт во Либан


Хезболах соопшти дека најмалку 18 луѓе биле убиени, а многумина биле повредени во експлозија на автомобил-бомба во упориште на оваа шиитска милитантна организација во главниот град на Либан, Бејрут. Одговорноста за експлозијата во јужниот дел на Бејрут ја презеде една сунитска милитантна организација, со што се зголемија стравувањата дека може да дојде до прелевање на граѓанската војна од соседна Сирија. Организациите што ги поддржуваат сириските сунитски бунтовници се заканија дека ќе ги напаѓаат упориштата на Хезболах во Либан, откако силите на Хезболах се вклучија на страната на сириските владини сили уште минатата година. Хезболах и нивниот поддржувач Иран му се сојузници на сирискиот претседател Башар Ал-Асад чија алавитска секта е изданок на шиитскиот ислам.
XS
SM
MD
LG