Достапни линкови

Најава за формирање на нова политичка партија во Грузија


Поранешниот претседател на грузиската централна изборна комисија Зураб Харатишвили изјави дека се повлекува од должноста со цел да формира политичка партија. Тој изјави дека програмата на новата партија ќе биде објавена на 20 август. Харатишвили смета дека медиумските шпекулации за негова кандидатура на претстојните претседателски избори се претерани, додавајки дека за сега нема донесено таква одлука. Претседателските кандидати имаат рок до 7 септември да ги поднесат документи со кои ќе ја официјализираат кандидатурата.
XS
SM
MD
LG