Достапни линкови

САД ја откажаа воената вежба со Египет


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Вашингтон ја откажува планираната воена вежба со Каиро поради насилствата во Египет во кои загинаа над 500 лица. Претседателот од одмаралиштето во Масечусес изјави дека Соединетите американски држави силно ги осудуваат постапките на египетската војска. Обама додаде дека политичките разлики не се решаваат со насилство и дека официјален Вашингтон не фаворизира политичари ни партии во Египет.
XS
SM
MD
LG