Достапни линкови

Бан Ки Мун бара трпение од Израел и Палестинците


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун апелираше до Палестинците и Израел да бидат трпеливи при мировните разговори. Преговарачи од двете земји се состанаа доцна вчеравечер во Ерусалим на првиот официјален состанок по средбата во Вашингтон минатиот месец. За сега нема информации за разговорите или за било каков напредок. Соединетите американски држави, кои посредуваат во преговорите, инсистираат на минимална медиумска изложеност на настанот.
XS
SM
MD
LG