Достапни линкови

logo-print

Иран сопрел индиски танкер


Иранската Револуционерна гарда сопрела индијски танкер кој пренесувал ирачка сирова нафта, јавуваат медиумите. Според извештаите, ирански брод го сопрел танкерот МТ Деш Шанти во меѓународни води и го пренасочил кон пристаништето Бандар Абас доцна вчеравечер. Иранските власти соопштиле дека од танкерот истекувало нафта со што се загадувале иранските територијални води крај Персискиот залив. Индија го намали увозот на иранска нафта по барање на Соединетите американски држави.
XS
SM
MD
LG