Достапни линкови

logo-print

Економските теми во фокусот на дневниот печат


Bosnia and Herzegovina - Ilustrative photo: bread, consumer basket, cost of living, food, grocery, Sarajevo,18Sep2010

Bosnia and Herzegovina - Ilustrative photo: bread, consumer basket, cost of living, food, grocery, Sarajevo,18Sep2010

Кон крајот на летото, економските теми стануваат особено актуелни, доаѓа есен, зимници, нова учебна година, а домашните буџети тенки, па на народот му треба охрабрување.

Кон крајот на летото, економските теми стануваат особено актуелни, доаѓа есен, зимници, нова учебна година, а домашните буџети тенки, па на народот му треба охрабрување.
Дали на премиерот му се потребни дури 16 советници, плус четворицата странци?

„Ставревски најавува влез на пет нови странски компании“ - пренесе Дневник дел од интервјуто на министерот за јавниот сервис. Утрински на истата тема, но со прашање: „Почнува ли, конечно, инвестицискиот бум?“

Граѓаните во рекорден минус од 85 милиони евра на картичките.
Вечер ја пренесува изјавата на министерот за економија, Ваљон Сарачини, дека во втората половина на годинава македонската економија ќе почнела да расте. А, во меѓувреме, дневниот Капитал објави наслов: „Граѓаните во рекорден минус од 85 милиони евра на картичките“.

Дневник дошол до делови од новата партиска програма што ја подготвува СДСМ со која од септември ќе конкурира на партиската/владина програма на ВМРО-ДПМНЕ. Насловот гласи: „Заев планира поголема социјална помош и помали даноци за сиромашните“.

Инаку, „Премиерот го советуваат 10 домашни експерти“ - објавува Утрински, потсетувајќи дека овој месец треба да финишира изборот на уште шестмина нови советници, за кои Владата распиша јавен конкурс и поставувајќи прашање „дали на премиерот му се потребни дури 16 советници, плус четворицата странци?“.

„Ахмети не го проби молкот за предлогот на Нимиц“ - оди со наслов Нова Македонија, која забележува дека по изјавата на лидерот на ДУИ дека предлогот „Горна Република Македонија“ е прифатлив за нив затоа што не навлегувал ниту во јазикот ниту во националниот идентитет на Македонците, немаше никаква реакција од ВМРО-ДПМНЕ и официјално од Владата, што испраќа сигнали на нерешителност.

Се одржа и јавната расправа за предлог-законот за медиуми. Вечер наслови дека „Законот за медиуми влегува во фотофинишот„. Нова Македонија објави дека новинарскиот Синдикат и МИМ се повлекоа од дебатата, а Утрински информира дека јавната расправа во Холидеј Ин „на моменти добиваше непријатен тек заради тонот со кој некои провладини новинари им се обраќаа на странските гости“.

Есенва што доаѓа јавноста веројатно ќе има нова занимација за заборавање на финансиските и други проблеми: напролет се претседателските избори, а уште од сега медиумите се прашуваат „Кој ќе биде најбрз до претседателскиот престол“, како што наслови Утрински. Во игра биле Стево Пендаровски и Петар Гошев, како кандидати од СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ требало прво да реши дали ќе му даде уште една шанса на актуелниот претседател Иванов.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG