Достапни линкови

Меѓународната организација на трудот со забелешки до владата


Комитетот за слобода на здружување на Меѓународната организација на трудот бара од Владата на Република Македонија да ги преземе сите мерки во иднина трудовите инспектори целосно да ги истражат наводите за антисиндикална дискриминација и да обезбедат таквите случаи да бидат брзо и ефикасно истражени. Реакцијата на организацијата следи во врска со случајот на отпуштањето на лидерката на Синдикатот на новинари и медиумски работници Тамара Чаусидис. Воедно, од Владата се бара да го информира Комитетот за исходот од судската постапка покрената од Чаусидис за која се бара да биде завршена без одлагање.
XS
SM
MD
LG