Достапни линкови

Ердоган бара итна седница на Советот за Безбедност за Египет


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повторно го повика Советот за Безбедност на Обединетите Нации да одржи итна седница за состојбата во Египет. Ердоган изјави дека оние кои ке останат тивки за масакрот се виновни колку и оние кои го направиле.
Министерството за здравство на Египет претходно соопшти дека над 420 луѓе биле убиени и околу 3.500 илјади ранети во насилствата што го зафатија Египет откако безбедносните сили ги растурија протестните кампови во Каиро на приврзаниците на соборениот претседател Мухамад Морси.
XS
SM
MD
LG