Достапни линкови

logo-print

Белград: Србите да учествуваат на косовските локални избори


Државното раководство на Србија ги повика Србите на Косово да учествуваат на локалните избори на 3 ноември, порачувајќи им дека тоа е најдобриот начин да се борат за српските државни и национални интереси. Марко Ѓуриќ, советник на српскиот претседател, по тричасовната средба со претставници на косовските Срби изјави дека независно каква одлука ќе донесат Србите, државата ќе остане со нив. Претставници на косовските Срби изјавија дека конечната одлука ќе ја објават во наредните денови.
XS
SM
MD
LG