Достапни линкови

Инспектори на ОН во посета на Сирија


Обединетите нации објавија дека експерти на светската организација ќе ја посетат Сирија за да ги истражат наводите дека се употребува хемиско оружје во судирите меѓу безбедносните сили и бунтовниците во таа земја. Генералниот секретар Бан Ки Мун изјави дека сириската влада формално прифатила да соработува со мисијата. Во изјавата се наведува дека сириската влада се согласила инспекторите да престојуваат две недели и оти на тимот ќе му биде дозволено да ги посети градовите за каде што има наводи дека се употребувало хемиско оружје. Британија, Франција,Германија и САД ги обвинуваат владините сили дека користат хемиско оружје. Владата ги отфрла таквите обвинувања и посочува дека бунтовниците користат хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG