Достапни линкови

Братот на Барак Обама во Македонија


Во Скопје синоќа пристигна братот на американскиот претсeдател Барак Обама, Абонго Малик Обама. Тој денеска ќе ја прими Балканската повелба за мир во име на Фондацијата „Барак Обама Хусеин“, која ќе му ја врачи меѓународната асоцијација „Балкан клуб на мирот“, регистрирана во Македонија. Абонго Малик Обама вечер ќе ја посети oпштина Гостивар. Балканскиот клуб на мирот е меѓународна организација формирана од членови од 12 земји од Балканот.Првата балканска повелба за мир му беше доделена на Град Скопје, родниот град на нобеловката за мир Мајка Тереза.
XS
SM
MD
LG