Достапни линкови

Недоволен број на ученици во Охрид и охридско


Илустрација.
Илустрација.

Охрид кој важи за град од каде последните неколку години се иселуваат најмногу млади, се повеќе кубури со ученици кои во одредени училишта се недоволни и за пополнување на паралелките.

Алармантна е состојбата со бројот на ученици во Охрид и охридско, предупредува дел од наставничкиот кадар во градот. Охрид кој важи за град од каде последните неколку години се иселуваат најмногу млади, се повеќе кубури со ученици кои во одредени училишта се недоволни и за пополнување на паралелките. Најалармантна е ситуацијата во Средното угостителско училиште и во дел од селските средини вели професорската и советничка од СДСМ во охридскиот градски совет Жаклина Лазаревска.
Во Охрид рапидно се намалени бројот на родени деца и бројот на деца кои ќе продолжат да учат. Имаме податок од минатата година дека бројот на запишани деца е намален за 600 до 700. Минатата година во средните училишта за околу 500 ученици беше помал бројот кои беа потребни и за кои беа објавени места во конкурост.
Жаклина Лазаревска, професорска и советничка од СДСМ во охридскиот градски совет.

„Таму е многу мал бројот на пријавени ученици во однос на потребниот број. И во основните училишта се чувствува таквата ситуација. Во руралните средини исто така е лошо. Во селото Куратица има само едно дете. Многу е мал бројот и затоа нема да можат да се направат потребниот број на паралелки“, вели Лазаревска
Илустрација - ученици.
Илустрација - ученици.

Ако се затворат училиштата во селските средини ќе запре и животот во тие населени места. Затоа општината треба да направи се и паралелките со помал број на ученици да опстојат.

„Во Охрид рапидно се намалени бројот на родени деца и бројот на деца кои ќе продолжат да учат. Имаме податок од минатата година дека бројот на запишани деца е намален за 600 до 700. Минатата година во средните училишта за околу 500 ученици беше помал бројот кои беа потребни и за кои беа објавени места во конкурост“, вели Лазаревска.
Нема да ни се повтори паралелки кои се формирани за определни политички цели настрана од градот да работат надвор од законот и да бидат ангажирани работници кои нема да земаат плата.
Димитар Спасевски, секретар во локалната самоуправа.

Јоне Станковски советник од ВМРО Народна партија вели дека општината не смее да дозволи да дојде до затворање на некои од паралелките во училиштата во Охрид бидејки тоа ќе значи катастрофа за сите.

„Не само што ќе значи затворање на работни места и создавање на технолошки вишок, тоа ќе значи и изумирање на селата. Најголем дел од луѓето кои остануваат да живеат во селата остануваат таму поради тоа што има настава во училиштата“, вели Станкоски.

Онаму каде што ќе има услови за организирање настава и со помал број ученици општината ќе организира настава, рече Димитар Спасевски секретар во локалната самоуправа.

„Но таа ќе биде соодветно спроведена согласно со одредени регулативи. Нема да ни се повтори паралелки кои се формирани за определни политички цели настрана од градот да работат надвор од законот и да бидат ангажирани работници кои нема да земаат плата“, рече Спасевски.

Вработувањата во образованието минатите години во Охрид биле правени од ракав и без анализи. Иако наставниците оделе на работа општината во рамки на буџетот тоа не го имала предвидено, рече Спасевски. Тој најави дека од 1 септември ќе има нова реорганизација во училиштата во Охрид.
XS
SM
MD
LG