Достапни линкови

logo-print

Прогласена вонредна состојба во Египет


Египетското претседателство прогласи вонредна состојба во земјата додека расте бројот на загинати во интервенцијата на полицијата во Каиро. Државните институции соопштија дека најмалку 56 лица загинале додека безбедносните сили со армирани возила интервенираат за растурање на камповите на подржувачите на отстранетиот претседател Мухамед Морси, кого армијата го тргна од власт на 3 јули. Армијата преку телевизиско соопштение најави дека вонредната состојба ќе трае еден месец. Полициски час е воведен во главниот град и во уште неколку населени места низ земјата. Од партијата на Морси – Муслиманското братство, проценуваат дека над 2.000 лица се убиени во судирите. Меѓународната заедница апелира за прекин на насилството. Се известува дека плоштадот Нахда е под контрола на воената власт. Немирите продолжуваат на поголемиот плоштад Раб ал Адавија. Медиумите јавуваат дека полицијата се судрила со демонстранти во уште неколку градови низ земјата.
XS
SM
MD
LG