Достапни линкови

logo-print

Најавено расформирање на паралелните структури во Косово


Косовскиот вицепремиер Едита Тахири најави дека до крајот на септември ќе бидат расформирани сите паралелни безбедносни структури на Србија во северно Косово, како што е предвидено во договорот меѓу Приштина и Белград. „Ако се се одвива според планот сите нелегални српски безбедносни структури, кои функционираат во Косово од 1999 година ќе бидат расформирани“ рече Тахири, којa е и шеф на косовската делегација во разговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел.
XS
SM
MD
LG