Достапни линкови

Расте бројот на загинати во Египет


Бројот на загинати во интервенцијата на полицијата во Каиро се искачи на најмалку 56 лица. Безбедносните сили со армирани возила интервенираат за растурање на камповите на подржувачите на отстранетиот претседател Мухамед Морси, кого армијата го тргна од власт на 3 јули. Се известува дека плоштадот Нахда е под контрола на воената власт. Немирите продолжуваат на поголемиот плоштад Раб ал Адавија. Медиумите јавуваат дека полицијата се судрила сдо демонстранти во уште неколку градови низ земјата.
XS
SM
MD
LG