Достапни линкови

Над 2.000 пензии за починати жители на Грција


Според пописот на грчкото Министерство за финансии 2.260 државни пензии биле исплатени на починати жители, во вкупен износ од над 35 милиони евра. Според податоците што ги презентираше заменик-министерот за финансии Христос Стаикурас, пензиите биле исплаќани повеќе од шест месеци по денот откако корисниците починале, но сега нивните имиња се избришани од регистрите. Досега се вратени 21 од 35-те милиони евра, а властите продолжуваат со напорите за враќање на преостанатите 14 милиони евра.
XS
SM
MD
LG