Достапни линкови

logo-print

Русија затвора повеќе од 700 училишта


Во Русија годинава ќе бидат затворени повеќе од 700 училишта поради демографски проблеми, соопшти денеска шефот на руската санитарна служба Генадиј Онишченко. „Предвидуваме затворање на 733 училишта од кои 464 се во во централна Русија затоа што нема деца“, изјави тој. Во Русија има околу 44 илјади училишта и над 13 милиони ученици. Популацијата на Русија по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година се намали за над пет милиони луѓе и сега изнесува 143 милиони.
XS
SM
MD
LG