Достапни линкови

logo-print

Немоќен народ и арогантна власт


Граѓанската иницијатива „АМАН“ на протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата. 21 август 2012.

Граѓанската иницијатива „АМАН“ на протести против поскапувањето на струјата, парното и горивата. 21 август 2012.

Граѓански иницијативи, протести, народот го крева својот глас против одредени одлуки и закони, но власта останува глува.

Од февруари 2011 до јуни 2012, струјата поскапе за 18,4 отсто, за во јуни 2013 да поевтини за 4,7 отсто. Сепак, и сегашната поевтинета цена е за 13 отсто повисока во споредба со таа од 2011 година. Во истиот период поскапеле и горивата. На пример, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од крајот на февруари 2011 до август годинава поскапел за 5 отсто, а дизелот во истиот период поскапел за 3 отсто.
АМАН направи се за да може да успее таа иницијатива и всушност АМАН е успешна иницијатива, но властите покажаа дека доколку имате нормални и логични барања, тие знаат да бидат арогантни и едноставно да не ја почитуваат волјата на народот.

Една година по почетокот на протестите поради високите цени на струјата, парното и горивата, Џељо Хоџиќ од граѓанската иницијатива АМАН резимира дека тоа беше една автентична и успешна иницијатива која на виделина покажа две работи.

„Тоа што АМАН го направи всушност покажа дека има свесни луѓе кај нас, но покажа и една друга црна слика дека гласот на народот во оваа држава воопшто не е важен. АМАН направи се за да може да успее таа иницијатива и всушност АМАН е успешна иницијатива, но властите покажаа дека доколку имате нормални и логични барања, тие знаат да бидат арогантни и едноставно да не ја почитуваат волјата на народот.“
Неколку граѓански асоцијации протестираа пред Собранието против ограничувањето на правото на абортус.

Неколку граѓански асоцијации протестираа пред Собранието против ограничувањето на правото на абортус.


Една година потоа работите не се променети. Граѓаните повторно плаќаат високи сметки кои не соодветствуваат на нивниот стандард, додава Хоџиќ.
На граѓаните им се дава до знаење дека тие што се на власт имаат веќе таков опфат на сите институции што им овозможува да направат апсолутно сè, не само без волјата на граѓаните, туку и спротивно на волјата на граѓаните.

„Значи луѓето кои кај нас се вработени веќе тешко ги плаќаат сметките за струја, а некои не се во можност да ја плаќаат, а каде се социјалните случаи или невработените луѓе, стечајците, сиромашните. Ова цена на струја едноставно е преголема, а и цените на бензинот и парното исто така. Ние со нашиот стандард плаќаме поскап бензин отколку Французите кои имаат минимална плата од 1200 евра.“

Пред два месеци се крена уште еден глас, овојпат за Законот за абортус. Иако многу невладини организации го креаа својот глас до пратениците да се повлече предлог законот за абортус од скратена постапка и да оди по редовна, законот беше експресно усвоен.

Пред десетина дена граѓаните се побунија и против сечењето на дрвја во центарот на Скопје, но дрвјата не ги спасија.

Професор Мирјана Најчевска вели на власта не и се потребни ниту демократските институции, ниту владеењето на правото за да истурка некоја политика и идеја без волјата на граѓаните.

„На граѓаните им се дава до знаење дека тие што се на власт имаат веќе таков опфат на сите институции што им овозможува да направат апсолутно сè, не само без волјата на граѓаните, туку и спротивно на волјата на граѓаните.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG