Достапни линкови

Уапсени 58 лица на плантажите со марихуана во Албанија


Албанската полиција уапсила 58 лица, кои работеле на плантажите со марихуана во селото Лазарат, јавуваат албанските медиуми, наведувајќи дека притоа биле конфискувани камиони со приколки и цистерни. Жителите на Лазарат, познато по производството на марихуана, годишно од шверцот со наркотоци заработувале неверојатни 4,5 милијарди евра. Според властите, марихуаната во Лазарат се одгледува на секое парче земјоделска земја, па дури и во дворовите на куќите.
XS
SM
MD
LG