Достапни линкови

logo-print

Десетици загинати во акција против протестите во Каиро


Египетските безбедносни сили денеска со оклопни возила го почнале расчистувањето на камповите на приврзаниците на соборениот претседател Мохамад Морси во Каиро. Според посматрачите, тоа ќе ја продлабочи кризата во земјата.

Претставник на Мулиманското братство соопшти дека во операцијата на безбедносните сили биле убиени најмалку 120 демонстранти кои не биле вооружени.

Очевидци за агенцијата Ројтерс изјавија дека виделе дваесетина тела на загинати демонстранти.


Има извештаи дека за време на операцијата биле убиен двајца војника додека неколкумина полицајци биле ранети.

Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека во акцијата уапсила неколку десетици демонстранти.

Египетската државна новинска агенција јави дека безбедносните сили го почнале спроведувањето на планот од неколку фази за растерување на демонстрантите.

Ова, според посматрачите, сигурно ќе ја продлабочи политичката криза во земјата.

Египетската државна новинска агенција јави дека безбедносните сили го почнале спроведувањето на планот од неколку фази за растерување на демонстрантите.

Официјален Вашингтон вчера ги повика египетските власти да им дозволат на приврзаниците на Морси слободно да протестираат.

„Ја охрабруваме преодната влада да му дозволи на народот да излегува на демонстрации“, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Мари Харф, додавајќи дека Вашингтон внимателно ја следи ситуацијата во Египет и оти е загрижен кога од таму има информации за нови насилства.

Претходно, во Каиро имаше судири меѓу приврзаниците и опонентите на Морси при што имало неколкумина загинати и ранети.


Членови на Муслиманското братство веќе еден месец протестираат на два плоштада во Каиро, барајќи враќање на Морси на чело на државата.

Тој во почетокот на јули беше соборен од египетската војска која од тогаш го држи на непозната локација.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG