Достапни линкови

Продолжуваат израелско палестинските преговори


Во Ерусалим денеска продолжуваат директните израелско палестински преговори што кон крајот на минатиот месец беа покренати во Вашингтон. Како дел од овој процес е и денешното ослободување на 26 палестински затвореници, но по се изгледа и најавата на Израел за изградба на над 940 нови станови за еврејските доселеници во Источен Ерусалим.

Израел денеска ослободи 26 палестински затвореници како гест на добра волја пред продолжувањето на преговорите меѓу двете страни кои се поддржани од Вашингтон. Два автобуса со затвореници, меѓу кои повеќето биле упасени пред 1994 година го напуштиле затворот Ајалон во близина на Тел Авив. Повеќето од нив беа осудени за убиства на израелски цивили.

Израелската влада кон крајот на јули одобри ослободување на 104 палестински затвореници, кое најверојатно ќе биде спроведено во четири фази.

Претходно Израел даде зелено светло за изградба на нови 942 стана во Источен Ерусалим, што предизвика остро негодување кај Палестинците.

Израелскиот премиер Нетанјаху беше целосно отворен пред мене и палестинскиот претседател Абас дека ќе објави изградба на дополнителни станови.
Американскиот државен секретар Џон Кери под чија иницијатива двете страни по три години се вратија на преговарачката маса изрази уверување дека процесот ќе продолжи.

„Дозволете ми да разјаснам. Политиката на Соединетите држави спрема сите израелски населби е дека тие се нелегитимни и ние сме против нив во секое време, не само во време на мировен процес. Но, тука има едно „но“. Израелскиот премиер Нетанјаху беше целосно отворен пред мене и палестинскиот претседател Абас дека ќе објави изградба на дополнителни станови“, изјави Џон Кери на прес конференцијата во Бразилија, додавајќи дека Абас е на мислење оти токму со новите преговори ќе може да се постигне решение и за овој проблем.

„Ние ќе работиме многу, многу тесно со Израелците и ќе продолжиме да работиме многу тесно со Палестинците со надеж дека ќе се фокусираме врз вистинските прашања, како конечниот статус на еврејските населби и се надевам дека тоа ќе го сториме наскоро“, рече Кери, наведувајќи дека во тие прашања спаѓаат и оние за границите и за безбедноста.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG