Достапни линкови

Индија: експлодира руска подморница


Се стравува дека има жртви во експлозијата на руската подморница управувана од индиската морнарица. Причината за експлозијата до сега не е позната а официјални лица наредија истрага. Од индиската морнарица соопштија дека е започната операција за спасување на 18-те морнари кои биле на подморницата ИНС Синдуракшак која се напојува со електрична енергија и дизел гориво. До сега неколку луѓе беа пријавени за повредени и однесени во болница. Шеснаесетгодишната подморница неодамна се вратила од Русија каде што била на поправка.
XS
SM
MD
LG