Достапни линкови

Продолжуваат израелско-палестинските преговори


Израел ослободи 26 палестински затвореници во знак на добра волја во пресрет на обновувањето на израелско-палестинските преговори.
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека палестинскиот претседател Махмуд Абас е подготвен да ги продолжи преговорите со Израел, иако израелските власти издадоа дозвола за изградба на нови 942 станови во источен Ерусалим. Најавата за изградба на становите предизвика остро негодување од страна на Палестинците. Кери рече дека на сите им е јасно колку е итно да отпочнат палестинко-израелските преговори за границата и за безбедноста.
XS
SM
MD
LG