Достапни линкови

logo-print

Хеликоптер се урна во Албанија


Италијански пилот е повреден откако денеска во близина на албанскиот град Берат се урна хеликоптер на приватна компанија која врши испитување на наоѓалишта на нафта во подрачјето. Хеликоптерот со задниот дел удрил во дрвја од блиската шума по што леталото се урнало, но не ескплодирало. Пилотот Луца Калдери е хоспитализиран во приватна болница во Тирана и е вон животна опасност.
XS
SM
MD
LG