Достапни линкови

Продолжен притворот на опозициски лидер во Азербејџан


Судот во Баку му го продолжи притворот на Тофик Јакублу, заменик шефот на опозициската партија Мусават. Неговиот адвокат во изјава за Радио Слободна Европа потврди дека притворот на Јакублу бил продолжен за четири месеци. Опозиционерот е обвинет за организирање на протести во градот Исмајили, северозападно од главниот град на Азербејџан.
XS
SM
MD
LG