Достапни линкови

Пливање во Охрид и во Струга само во лето


Нема ниту б од базените кои власта ги ветува неколку години наназад. Во Охрид треба да се изгради затворен пливачки базен, додека во Струга да се реновира постоечкиот кој е во катастрофална состојба или, пак, на негово место да се подигне нов базен.

Со завршувањето на летото во Охрид и Струга завршува и пливањето во овие два града кои важат за расадници на пливачи. Нема ниту б од базените кои власта ги ветува неколку години наназад. Во Охрид треба да се изгради затворен пливачки базен, додека во Струга да се реновира постоечкиот кој е во катастрофална состојба или, пак, на негово место да се подигне нов базен.
Веќе осум години само најавуваат дека ќе се врши реконструкција на базенот во Струга и дека ќе се гради во Охрид, но од градењето засега нема ништо. Трошоците за одењето на Скопје и сместувањето таму се на товар на самите пливачи. Многу од ветувањата, но од тоа ништо не направија.
Никола Кутаноски, македонски репрезентативец во пливање и тренер во пливачкиот клуб Струга.

Додека пливачите чекаат некој да се смилува и базените да станат реалност, еднаш во месецот одат на тренинзи во Скопје. Никола Кутаноски, македонски репрезентативец во пливање и тренер во пливачкиот клуб Струга вели дека сè останува само на зборови.

„Веќе осум години само најавуваат дека ќе се врши реконструкција на базенот во Струга и дека ќе се гради во Охрид, но од градењето засега нема ништо. Трошоците за одењето на Скопје и сместувањето таму се на товар на самите пливачи. Многу од ветувањата, но од тоа ништо не направија“, рече Кутаноски.
Она што е предизборна програма на кандидатот за градоначалникт во неја е предвидено изградба на затворен базен. Она што го знам е дека имаме состаноци и локацијата за изградба на затворениот базен е утврдена и истата е испратена до Агенцијата за млади и спорт и се надевам дека со почетокот на новата градежна сезона некаде во март ќе ставиме камен темелник за изградба на затворен пливачки базен.
Димитар Спасески, секретар во општина Охрид.

Аце Ѓуроски, тренер во пливачкиот клуб од Струга, вели дека за да одржуваат кондиција на зима, тренираат и на суво.

„Ништо не може да замени базен. Затоа нашите резултати од врвни резултати и од врвни пливачи, членови на репрезентација, од рекорди кои сè уште никој не може да ги собори, не можеме сега да ги постигнеме поради овие услови. Немаме континуитет и тука е проблемот. Се надевам дека некој од надлежните ќе најде начин и храброст да го поправи базенот. Досега, освен ветувања нема реализација“, вели Ѓуроски.

Наместо нов базен стружани бараат да се реновира постоечкиот базен за што би биле потребни околу 200000 евра. Никола Маленко татко на некогашниот младински европски првак во пливање Александар Маленко вели она што се случува во најпливачките градови во Македонија е жалосно

„Секоја година се ветува дека ќе се изгради затворен пливачки базен во кој заедно би работеле и Охрид и Струга. Ние спортските работници имаме подора идеја која е поефтина.Постоечкиот отворен базен со мали пари околу 200.000 евра да се направи балон систем и да е постават грејачи, а со тоа Охрид и Струга ќе добијат за една година покриен базен. И на тој начин нема да заврши пливањето кај нас со завфршувањрто на летото“, рече Маленко

Димитар Спасески, секретар во општина Охрид уверува дека во Охрид наскоро ќе започне изградбата на базенот.

„Она што е предизборна програма на кандидатот за градоначалникт во неја е предвидено изградба на затворен базен. Она што го знам е дека имаме состаноци и локацијата за изградба на затворениот базен е утврдена и истата е испратена до Агенцијата за млади и спорт и се надевам дека со почетокот на новата градежна сезона некаде во март ќе ставиме камен темелник за изградба на затворен пливачки базен“, рече Спасевски.

Неодамна во на отоврениот базен во Охрид по 15 години се одржа пливачки митинг.
XS
SM
MD
LG