Достапни линкови

Путин пристигна во Азербејџан


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Баку каде ќе се сретне со неговиот колега Илхам Алиев. Од кабинетот на Путин претходно соопштија дека шест билатерални договори се подготвени за потпишување. Документите се однесуваат на соработка од областа на енергетиката. Двајцата лидери би требало да разговараат и за прашања во врска со Каспиското море како и конфликтот во Нагорно Карабах.
XS
SM
MD
LG