Достапни линкови

logo-print

ОН бара меѓународни закони за беспилотните летала


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун изјави дека нападите со беспилотни летала мора да се регулираат со меѓународни закони. Бан ја даде изјавата во Пакистан по пристигнувањето во Исламбад каде ќе престојува во дводневна официјална посета. Бан смета дека треба да се вложат напори за намалување на грешките и цивилните жртви од нападите на беспилотни летала. Пакистан лобира за укинување на ваквите напади во регионот покрај авганистанската граница.
XS
SM
MD
LG