Достапни линкови

Израел најави изградба на нови населби


Израел најави дека ќе го оствари планот за изградба на 9,000 нови домови во Источен Ерусалим. Портпаролот на министерството за внатрешни работи Ефат Орбах рече дека било одобрено проширувањето на населбата Гило. Обелоденувањето на новиот план следи по најавите за изградба на 1200 нови живеалишта на Западниот брег и во Источен Ерусалим. Плановите за проширување на населбите се обелоденуваат во пресрет на израелско – палестинските преговори кои би требало да се одржат утре со посредство на Соединетите американски држави. Официјален Вашингтон изрази загриженост за новите израелски планови за градба.
XS
SM
MD
LG