Достапни линкови

Рамковниот договор не е само бројки и проценти


Не може, ако целата политика ја засновате на етно-центризам, со неколку изјави и со неколку закони кои овозможуваат некаква техничка имплементација на еден договор, да се претендира дека се остварува Охридскиот рамковен договор, вели аналитичарот Ибрахим Мехмети.

Денеска Рамковниот договор има доволно долга историја зад себе за да се погледне на него со помалку емоции, а со повеќе разум и практицизам и од таа гледна точка неговата реализација и поставеност повеќе не се тема. Она што загрижува е пошироката рамка на демократија, која меѓу другото треба да обезбеди содржина и за рамката што е поставена со договорот. Тој ни обезбеди мир и некој степен на праведност, со други зборови ни даде шанса, со каква содржина ќе биде исполнет, зависи од сите нас, од секој поединец, а пред сè од политичките елити, посочува професор Мирјана Малеска.
Дали тие имаат една заедничка агенда, дали тие заеднички гледаат на иднината на Македонија како на интегрирано општество или зборуваат едно, а работат друго. Тоа се работи на кои Рамковниот договор не може да одговори.
Мирјана Малеска, универзитетски професор.

„Дали тие имаат една заедничка агенда, дали тие заеднички гледаат на иднината на Македонија како на интегрирано општество или зборуваат едно, а работат друго. Тоа се работи на кои Рамковниот договор не може да одговори“, вели Малеска.

Токму поради тоа, политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети е на мислење дека Рамковниот договор ја нема исполнето оригиналната цел за која беше донесен, зашто во него треба да се прочитаат решенијата за основните проблеми поради кои е донесен, но и подготовка на терен за градење на нова свест и менталитет кои ќе спречат повторување на ваквите состојби. Денеска е јасно дека има многу отворени прашања и ровка меѓуетничка кохабитација.
Не може, ако целата политика ја засновате на етно-центризам, со неколку изјави и со неколку закони кои овозможуваат некаква техничка имплементација на еден договор, да се претендира дека се остварува Охридскиот рамковен договор.
Ибрахим Мехмети, политички аналитичар.

„Имаме недоволно почитување едни за други, имаме основен недостаток на разбирање за иднината на земјата, на заедничко разбирање на иднината“, вели тој.

Сè се сведува на добро политичко алиби за остварените проценти и егзибиции со бројки, додава Мехмети.

„Не може, ако целата политика ја засновате на етно-центризам, со неколку изјави и со неколку закони кои овозможуваат некаква техничка имплементација на еден договор, да се претендира дека се остварува Охридскиот рамковен договор. При ова не мислам само на македонските политички партии, туку мислам дека и албанските политички партии не ја сфаќаат суштината и не ја сфаќаат тежината на овие пропусти коишто во иднина ќе имаат висока цена за развојот и за опстојувањето на Македонија како една модерна европска држава“, вели Мехмети.

Дали Рамковниот договор е добар или не, повеќе не е тема, вели Малеска, денеска е тема корупцијата.

„Ако треба и меѓуетничките односи ќе се влошат за исполнување на некои коруптивни цели“, вели Малеска.

Преку преиспитување на содржините кои им се нудат на учениците низ образовниот процес, како и пораките кои ги испраќаат институциите кои влијаат врз формирањето на јавната свест, преку поинакви пораки од политичарите, може единствено да се постигне вистинска интеграција, посочува Мехмети. Сега како што заклучува, работата им е оставена на невладините организации и на медиумите кои немаат капацитет да постигнат такви вредности.
XS
SM
MD
LG