Достапни линкови

Јапонски град не сака споменик за цунамито


Големиот рибарски брод кој стана симбол за катасрофалното цунами што ја погоди Јапонија во март 2011 година ќе биде уништен. Станува збор за бродот „Кјотокумару“ кој од големото цунами беше исфрлен во населениот дел на градот Кенсенума. Граѓаните беа поделени околу тоа дали да биде зачуван на тоа место или не. Сепак на општинскиот референдум граѓаните се изјаснија за негово расклопување, поддржувајќи ги аргументите дека не сакаат да ги потсетува на болната несреќа во која загинаа над 19 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG