Достапни линкови

logo-print

Дебата на кандидатите за градоначалници на Москва


Пет од шестемина кандидати за градоначалник на Москва ја одржаа нивната прва дебата. Опозицискиот кандидат Алексеј Навални вети дека ќе се бори против корупцијата и ги обвини сегашните московски власти дека главните инфраструктни проекти во градот им ги дале на пријатели на рускиот претседател Владимир Путин. Во врска со, како што изјави, преголемата имиграција во Москва, тој најави дека ќе воведе визи за граѓаните од Кавказ и од Централна Азија. Сегашниот градоначалник на Москва Сергеј Собијанин не учествуваше на дебатата. Планирани се уште осум дебати пред изборите кои треба да се одржат на 8 идниот месец.
XS
SM
MD
LG