Достапни линкови

Барање за законско регулирање на виртуелните валути


биткоин

биткоин

Финансиските власти во Њујорк почнаа истрага во врска со законитоста на виртуелните валути како „биткоин“. Според нив, неопходни се нови законски прописи со цел да се спречат можни злоупотреби. Во образложението се наведува дека наметката на анонимност што ја нудат овие валути помагаат во поддршката на опасни кривични активности, вклучувајќи шверц на дрога, перење пари, илегална продажба на оружје и детска порнографија. Виртуелните валути се составени од дигитални битови и се базирани врз математички шеми кои би требало да бидат заштита против фалсификување. Биткоин стартуваше пред 4 години како валута надвор од сите владини контроли.
XS
SM
MD
LG