Достапни линкови

logo-print

Дванаесет години Рамковен договор


Од прославата на осум годишнината од Охридскиот Рамковен Договор во Маврово

Од прославата на осум годишнината од Охридскиот Рамковен Договор во Маврово

Денеска се навршуваат 12 години од потпишувањето на Рамковниот договор со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот. На 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Договорот го потпишаа тогашниот претседател на Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љупчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери. Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите кои се одвиваа во Охрид во јули и во август 2001 година.
XS
SM
MD
LG