Достапни линкови

Предлог за нов супербрз транспорт


Познатиот претприемач Илон Маск обелодени нов транспортен концепт за кој тврди дека патот од Лос Анџелес до Сан Франциско во должина од 650 километри, ќе може да се минува за половина час.Тој оваа идеја ја нарече „Хиперлуп“. Станува збор за голема цевка со патнички капсули кои ќе лебдат во неа и ќе развиваат брзина поголема од 1100 километри на час. Воздухот во цевката ќе биде извлекуван со моќни вентилатори. Муск е коосновач на сервисот за онлајн плаќање „Пејпал“, на производителот на луксузни електроавтомобили „Тесла моторс“ и на компанијата за ракети „Спејс Икс“.
XS
SM
MD
LG