Достапни линкови

Продолжуваат престрелките меѓу индиските и пакистанските сили


Во поделениот Кашмир и денеска продолжија пограничните престрелки меѓу пакистанските и индиските оружени сили. Дописникот на Радио Слободна Европа од регионот јавува дека бил разменет артилериски оган преку т.н. Контролна линија. Неколку цивили загинале, а има и ранети во пакистанскиот дел на Кашмир, додека населението од пограничниот дел е евакуирано.
Пакистан ја обвини Индија дека од неделата почнала неиспровоцирани напади. Команданти на индиската армија, пак, изјавија дека нивните трупи одговориле на неиспровоцираниот артилериски оган од страна на пакистанските сили.
Тензиите почнаа да растат минатиот вторник, кога петмина индиски војници беа убиени од заседа, за што Њу Делхи го обвини Исламабад. Пакистан негира вмешаност во нападот.
XS
SM
MD
LG