Достапни линкови

САД загрижени поради изградбата на еврејските населби


Џен Псаки

Џен Псаки

САД се сериозно загрижени поради израелската одлука да им дозволи на доселениците да продолжат да градат на палестинска територија и покрај почетокот на нова рунда мировни разговори. Портпаролката на Стејт Департментот Џен Псаки изјави дека Вашингтон не ја прифаќа легитимноста на продолжената активност за населување. Изјавата доаѓа откако израелската влада во неделата дозволи изградба на повеќе од илјада нови домови за еврејските доселеници во Западниот Брег и во Источен Ерусалим.
Утре во Ерусалим треба да продолжат израелско- палестинските мировни разговори под иницијатива на САД и се претпоставува дека ќе биде постигнат договор во рок од 9 месеци, но Вашингтон страхува дека изградбата на нови населби од страна на Израел би можело да го наруши процесот.
XS
SM
MD
LG