Достапни линкови

Египет: властите сеуште не ги растураат протестните кампови


Египетските власти се чини се воздржани околу плановите за растурање на двата протестни кампа во кои се сместени поддржувачи на соборениот претседател Мохамед Морси. Официјални лица претходно најавија дека вчера изутрина ќе почнат да ги истеруваат демонстрантите од камповите, но акцијата се уште не е почната. Потоа десетици илјади приврзаници на Морси одржаа масовен собир во Каиро, извикувајќи го неговото име.
Илјадници луѓе ги запоседнаа двата протестни кампа во Каиро уште пред соборувањето на Морси на 3 јули. Оттогаш повеќе од 250 лица загинаа во уличните судири.
XS
SM
MD
LG