Достапни линкови

Бомба во кафуле во Ирак, 13 загинати


Најмалку 13 лица загинаа во напад на бомбаш- самоубиец во ирачкиот град Балад, 80 километри северно од главниот град Багдад. Целта на нападот било преполно кафуле, при што биле повредени десетици лица.
Милитантите изведоа серија напади врз кафулиња и преполни пазари во изминатите недели за време на муслиманскиот свет месец, кога многу Ирачани ги посетуваа овие објекти по завршувањето на нивниот дневен пост.
XS
SM
MD
LG