Достапни линкови

logo-print

Русин обвинет за сајбер криминал во САД се изјасни за невин


Русин обвинет дека учествувал во досега најголемиот случај на сајбер криминал кој се водел во САД, се изјасни за невин по обвиненијата за кои би можел да добие казна затвор до 30 години. Дмитри Смилјанец, професионален компјутерски играч од Москва, ја даде изјавата вчера во федералниот суд во градот Њуарк.
Тој е обвинет дека заедно со компјутерски хакери од Русија и Украина планирале кражба на 300 милиони долари од околу 160 милиони кредитини и дебитни картички.
Меѓу вмешаните компании се и берзата NASDAQ и големи трговски фирми. Смилјанец се наоѓа во притвор од септември минатата година, по екстрадицијата од Амстердам, каде што беше уапсен.
XS
SM
MD
LG