Достапни линкови

logo-print

Грција бара поефтин гас од Русија


Грција бара подобри цени од рускиот гасен гигант „Газпром“, пишува денеска весникот „Катимерини“. Според информациите на медиумот, грчкиот премиер Андонис Самарас испратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин на крајот на јули, во кое побарал отстапка од цените на рускиот гас, увезуван во Грција по намалувањето на цените за други европски клиенти. Атина тврди дека купува руски гас за 30 проценти поскапо од просечното европско ниво. Намалувањето на енергетските трошоци се смета за клучно за засилување на конкурентноста на економијата на земјата.
XS
SM
MD
LG