Достапни линкови

Опаѓа заработувачка на грчките фирми


Во периодот од 2009 до 2013 година забележан е пад од 85 проценти на заработката на грчките трговски фирми, покажуваат резултатите од анкетата на Националната федерација на трговците. Сите трговци изјавиле дека не се задоволни од мерките на Владата, додека 43 проценти од нив наведоа дека очекуваат продлабочување на рецесија во иднина. Поради кризата, 42 отсто од трговците изјавиле дека најверојатно ќе бидат принудени да ги затворат фирмите, 74 проценти од нив посочиле дека се обидуваат да ги задржат вработените, а 15 отсто дека сакаат да го намалат бројот на вработени. Само 10 проценти од трговците рекле дека е можно да го зголемат бројот на вработени.
XS
SM
MD
LG