Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Жерновски ќе играа оро ако нешто e незаконски


Ако имаше нешто незаконско веројатно СДСМ и Жерновски на пресот ќе играа оро на чело со Бранко Црвенковски, а вака само се сплеткаа во сопствените погрешни очекувања, и откога не најдоа ништо незаконски, излегоа со паушални оценки без директно посочување кој и што конкретно направил надвор од законот, реагира владеачката ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на општина центар. На настанот, градоначалникот Андреј Жерновски заедно со Слаѓана Тасева и Драган Малиновски ги објавија наодите од ревизијата на проектот „Скопје 2014“ на територијата на општина центар. Се забележува дека бронзениот споменик на Никола Карев бил платен како да е од мермер, како и дека претходниот градоначалник немал право да ја стави општината во функција на инвеститор на мостови.
XS
SM
MD
LG